Ќе ви го скрши срцето: Погледнете што рече Ванеса Брајант на комеморацијата за Коби и Џиана! (ВИДЕО)

фото: твитер

Вчера се одржа комеморацијата за трагично загинатите Коби Брајант и Џиана Брајант во „Стејпл Центарот“ во Лос Анџелес.

На комеморацијата зборуваше легендата на НБА и голем пријател на Коби Брајант, Мајкл Џордан, кој со солзи во очите раскажуваше за неговиот, како што кажа – помал брат.

Меѓутоа најемотивен момент беше кога на говорницата се појави Ванеса Брајант, сопругата на Коби и мајката на Џиана.

Ванеса прво зборуваше за Џиана.

– Во неколку наврати, кога бев апсолутно преморена зашто бев будна со Бјанка и Капри, мислев дека заминала на училиште без да се збогуваме. Ќе ѝ пратев СМС: „Нема бакнеж?“ Џиана ќе ми вратеше: „Мама, те бакнав, но ти спиеше и не сакав да те будам.“ Таа знаеше колку ми значат вечерните и утринските бакнежи – кажа Ванеса за Џиана.

– Со Коби бевме заедно од времето кога имав 17 и пол години. Јас му бев прва девојка, негова прва љубов, негова сопруга, негова најдобра пријателка и негов заштитник. Тој беше најневеројатен сопруг. Коби ме сакаше повеќе одошто можам да опишам со зборови. Тој беше ранобуден, јас бев ноќна птица. Јас бев оган, а тој беше мраз, а понекогаш и обратно. Се балансиравме. Тој ќе направеше сè за мене…

Погледнете го целиот нејзин говор:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот