Ќе ви ги стопли срцата: Прегратката на овие момчиња ќе ви докаже колку бојата на кожата не е важна! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Немили сцени секојдневно ни пристигнуваат од Америка. Целата земја е на нозе поради убиството на Џорџ Флојд, кој почина поради брутално апсење во Минеаполис.

Смртта на Флојд предизвика гнев, па целиот тој бес поради наводен расизам на полицијата се претвори во насилни протести и пресметка помеѓу полицијата и демонстрантите.

Иако братот на Флојд ги повика граѓаните да престанат со насилството, бидејќи и самиот Џорџ сакал мир, од Америка пристигна снимка која не потсети сите дека најважна работа во светот е – љубовта.

Имено, на видеото се гледа како две дечиња, едно црно, а дргото бело трчаат еден кон друг и се прегрнуваат во знак на искрена и безусловна љубов.

Погледнете:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот