ЌЕ ВИ ГИ РАЗГАЛИ СРЦАТА: Синот на Меси го „украде“ шоуто! (ВИДЕО)

фото:твитер/фејсбук

Лионел Меси оваа вечер во Париз во изборот на „Франс Фудбал“ ја освои рекордната шеста „Златна топка“. Аргентинецот влезе во фудбалската историја и стана првиот играч со шест освоени „Златни топки“.

Зад себе ги остави Кристијано Роналдо со пет на вечната листа, а Португалецот одлучи да не се појави на гала церемонијата во францускиот главен град.

Зад Меси и Роналдо се Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен со по три „Златни топки“.

На видео записот погледнете ја реакцијата на неговиот помал син, четиригодишниот Матео кој ќе ви ги разгали срцата.

И додека скоро сите со стоечки овации го испратија и поздравија успехот на ѕвездата на Барселона и го слушаа неговиот говор, неговиот син беше пресреќен.

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ му ја врачи наградата на Меси.

– Им благодарам на сите новинари кои гласаа за мене и сакаа да ја освојам наградата. Им благодарам и на колегите кои придонесоа во ова признание. Големо благодарам – истакна Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот