Ќе ве засити, а нема да ви го надуе стомакот: Летна салата со ориз

Profimedia

Состојки:

200 грама ориз
250 грама сирење
200 грама маслинки
3 пиперки (црвена, зелена и жолта)
1 главица кромид
брокула
грашок
пченка

Прелив:

1 лажица алкохолен оцет
100 грама исечкан лук
100 милилитри маслиново масло
сок од два лимони
рендана кора од еден лимон
1 лажица оригано
1 лажица сенф
1 лажица мелен ким
сол
црн бибер

Подготовка:

Оризот исчистете го, измијте го, а потоа ставете го да се вари во солена вода. Кога комплетно ќе омекне, извадете го од водата, измијте го со ладна вода и почекајте да се исуши.

Во врела вода, ставете ги кратко да се обарат и брокулата, пченката и грашокот. Кога зеленчукот ќе омекне, и него како и оризот, извадете го од водата, измијте го со ладна вода и почекајте да се исцеди пред да го додадете во салатата.

Откако оризот, брокулата, пченката и грашокот ќе бидат суви, ставете ги во подлабока чинија за сервирање на салата и прелијте ги со малку маслиново масло. Потоа, додајте ги ситно сечканите пиперки, маслинките, лукот и изронетото сирење.

Состојките внимателно измешајте, ги а потоа почнете со подготовка на преливот.

Измешајте ја ренданата кора од лимон со исцедениот сок од лимон, заедно со оцетот, ориганото, сенфот, исечканиот лук и мелениот ким. Постепено додека мешате, додавајте ги и преостанатото маслиново масло, солта и црниот бибер. Убаво измешајте го преливот, а потоа истурете го врз салатата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот