„Ќе ве оставиме да се удавите, на Малта никој нема да дојде“ – Неизвесна судбината на илјадници мигранти

Брод со мигранти илустрација/ Фото Архива на СП

Кон средината на неделата брод со 66 лица, кој бил близу до малтешкото пристаниште е спасен по 40 часа откако побарал помош. Преживеаните рекле дека вооружените сили на Малта се обиделе да го пресечат кабелот на моторот.

Додека Италија, Малта, па дури и Либија ги затвораат своите пристаништа поради пандемијата, гужвата и напнатоста расте во Сицилијанскиот канал.

Само во последните 7 дена тргвците со луѓе, донесоа од Африка, најчесто од брегот на Либија, во дваесетина бродови, чамци и гумени пловила околу 1.000 мигранти, а околу 500 луѓе се вратени назад во Либија, додека судбината на мигрантите на некои од пловилата останува непозната.

„Полека умираме, ве молиме, не не оставајте сами, спасете не“, е една од пораките кои преку „Alarm Phone”, телефонската централа, дел од хуманитарниот проект, каде мигрантите испраќаат СМС пораки за помош и спасување, е добиена и објавена.

Хуманитарните организации стравуваат дека има многу исчезнати.

Од бродот „Алан Курди“, сопственоста на хуманитарна организација, на кој веќе неколку дена пловат 150 луѓе, испратија апел за помош зошто останале без храна, а горивото им е на минимум.

Кон средината на неделата друг брод со 66 лица, кој бил близу до малтешкото пристаниште е спасен по 40 часа откако побарал помош.

Некои од преживеаните рекле дека вооружените сили на Малта се обиделе да го пресечат кабелот на моторот.

„Ќе ве оставиме да умрете во вода. На Малта никој нема да стигне“, ни рекоа, тврдат спасените мигранти.

Апелот на папата Францис дека „никој нема да се спаси сам“ кој го упати на 27 март во писмо со поддршка до хуманитарната организација „Mediterranea Saving Humans”, изгледа никој не го слушна.

Претседателката на организацијата Алешандра Сциурба, по тој повод изјави дека се надева дека зборовите на светиот отец ќе допре и до срцата на владетелите на Европа и Италија, кои во овој момент „ги затворија пристаништата за човештвото“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот