„Ќе смрзнат живи“: Властите во БиХ немаат решение за бројните мигранти кои се борат со сѐ пониските температури

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Стотици мигранти од Блискиот Исток и од Азија практично се „смрзнуваат“ во кампот „Вучјак“ во Босна и Херцеговина, кадешто веќе има голем недостаток на храна и места за сместување, а доаѓањето на зимата дополнително ќе ја влоши ситуацијата, изјавија хуманитарните работници за „Ројтерс“.

Во БиХ дојде до пораст на бројката на мигранти по затворањето на границите на Хрватска, Унгарија и Словенија за лица кои немаат валидни документи.

Мигрантите во јуни од Бихаќ се префрлени во кампот Вучјак, кој се наоѓа на осум километри од границата на БиХ и Хрватска.

Хуманитарните организации ги повикаа властите во БиХ да го затворат кампот и да побараат подорбо сместување за мигрантите, поради очекуваниот пад на температурите во зимскиот период.

Координаторот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во БиХ, Питер ван дер Оверарт предупреди дека е јасно оти луѓето ќе умираат доколку не се направи нешто.

– Во спротино, јасно е што ќе се случи. Доколку останат овде во текот на зимата, луѓето ќе умираат за неколку денови или недели, бидејќи температурати рапидно паѓаат – предупреди Ван дер Оверарт.

Повеќе од 40.000 мигранти влегоа на територијата на БиХ од 2018 година, а речиси една петина од нив се деца.

Ван дер Оверарт рече дека во БиХ се наоѓаат околу 7.000 мигранти, и дека таа бројка не би требало да претставува пробелем за земја во која живеат 3,5 милиони луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот