Ќе седнат ли децата во понеделник во училишните клупи? СОНК се заканува со штрајк – Слободен печат
ВестиМакедонија

Ќе седнат ли децата во понеделник во училишните клупи? СОНК се заканува со штрајк

Наставниците се незадоволни од најавеното зголемување на платите од пет отсто.

Една недела пред почетокот на учебна 2019-2020 година, Синдикатот за образование (СОНК) се заканува со штрајк.

Наставниците се незадоволни од најавеното зголемување на платите од пет отсто. Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски, ѝ дава рок на Владата од уште една недела и бара Синдикатот да биде активен учесник во креирањето на буџетот за образованието за 2020 година.

До 1 септември ќе преговараат, а ако нема договор наставниците и професорите на 2 септември, кога треба да почне новата учебна година, ќе стапат во предупредувачки штрајк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close