Ќе се зголеми бројот на луѓе кои ќе добиваат пари од државата за струја

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски/ Фото: МИА

Регулаторната комисија за енергетика до Министерството за економија и до други надлежни институции доставила предлог за зголемување на опфатот на ранливите категории на граѓани кои се соочуваат со енергетската сиромаштија.

– Сега, тоа се само луѓето кои добиваат социјална помош. На нив им следува и помош од државата за сметки за електрична енергија. Сметаме дека е многу важно да се зголеми нивниот опфат и да се направи една база на податоци со ранливи граѓани кои не се во можност да ги платат своите сметки. Ние дадовме некои предлози, но за тоа ќе разговара работна група и треба да се најде конечно решение – рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, на дебатата „Визија за енергетска транзиција 2040“.

Тој објасни дека ова треба да се направи и за да се стабилизира ликвидноста на државните енергетски компании ЕСМ и МЕПСО.

– Затоа, предлагаме парите од државата за енергетска сиромаштија за секој поединец директно да се плаќат на универзалниот снабдувач со електрична енергија –  рече Бислимоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот