Ќе се воспостави Центар за згрижување на повредени и запленети диви животни

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека започна со реализација на активност за „Изработка на студија за изводливост за воспоставување на центар за згрижување на повредени и запленети диви животни во Република Северна Македонија”.

Од Министерството истакнуваат дека оваа активност се спроведува во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од „Фармахем” од Скопје.

Оттаму појаснуваат дека во текот на изминатите години во повеќе наврати на подрачјето на државата евидентирани се случаи на повредени диви животни. Честопати причина за вакви случувања биле прекинатите биокоридори за миграција на дивите животни со развојот на патната инфраструктура, изградба на енергетски и хидроенергетски објекти, рударски активности, пожари, поплави, но и незаконско ловење и фаќање на животните со замки.

-МЖСПП, како надлежно државно тело за спроведување на Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени диви растителни и животински видови (CITES), има регистрирано случаи на нелегална меѓународна трговија и промет со диви видови, нивни делови и деривати на територија на нашата земја, каде запленетите диви животни мора да се одземат и соодветно да се згрижат, објаснуваат од Министерството.

Имплементатор на активноста е приватна компанија ДЕКОНС ЕМА која има ангажирано национални и меѓународни експерти

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот