Ќе се укинат најголем дел од рестриктивните мерки: Сардинија станува првата „бела зона” во Италија

Фото: EPA-EFE/MAX CAVALLARI

Сардинија ќе стане првиот италијански регион класифициран како безбедна анти-ковид бела зона, што значи дека ќе бидат укинати повеќето рестриктивни мерки што беа воведени во целата земја.

Гувернерот на Сардинија, Кристијан Солинас денеска потпиша одлука со која се дозволува кафулињата да работат до 21 часот, рестораните ќе можат да продаваат храна и пијалоци до 23 часот, кога започнува полицискиот час.

Меѓутоа, во некои региони во Италија мерките се интензивираат поради зголемувањето на бројот на пациенти, така што Базиликата и Молизе сега се црвени зони, додека Ломбардија, Марче и Пиемонт поминаа од жолта во портокалова зона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот