Ќе се снима филм за Ејми Вајнхаус: Сакаме да ја прикажеме токму каква што беше!

Profimedia
Фото Профимедиа

Пејачката Ејми Вајнхаус почина во 2011 година на 27-годишна возраст. Нејзиниот татко Мич Вајнхаус рече дека се надева дека ќе биде можно да се прослави нејзиниот живот, ако се екранизира на филм, пишува Мирор.

Мич вели дека работи на тоа да сними филм, кој би се прикажал во кината веќе следната година.

Во 2015 година, кога излезе филмот „Ејми“ на режисерот Асиф Кападиа, Мич го критикуваше филмот бидејќи не му се допаднало како е прикажана неговата ќерка.

„Имаме во план да направиме убав филм, кој ќе ја прикаже Eјми токму каква што беше. Би излегол следната година или во 2022. Ги поминавме почетните разговори, сега го развиваме сценариото. Филмот ќе биде биографски“, вели Мич.

„Ќе најдеме непозната глумица, во најдобар случај еврејска девојка од северен или источен Лондон која наликува на Ејми и која зборува како неа“, додава таткото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот