Ќе се снима документирана серија за младата шведска активистка Грета Тунберг

Наскоро ќе започне снимањето на документирана телевизиска серија, посветена на шведската еколошка активистка Грета Тунберг, а продуцент на серијата ќе биде „Би-Би-Си“.

Програмата ќе го следи меѓународното залагање на младата Грета за зачувување на животната средина и нејзините состаноци со истакнати научници и политички лидери.

Во серијата ќе бидат прикажани и некои моменти од нејзиниот живот, на пример кога ги пишува нејзините остри говори кои сега молскавично се шират низ светот“, стои во соопштението на „Би-Би-Си“.

Седумнаесетгодишната Грета стана портпарол на генерација загрижена поради климатските кризи од кога почна да организира протести пред шведскиот парламент во август 2018 година.

Таа стана олицетворение на еколошки загрижените млади луѓе и поттикна милиони да се ангажираат.

Таа учествуваше и на Самитот на ОН за климатските промени, каде им се обрати на светските лидери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот