Ќе се сечат познатите јапонски цреши во центар (ФОТО) - Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеСкопје

Ќе се сечат познатите јапонски цреши во центар (ФОТО)

Нови јапонски цреши, на местото на исушените, се очекува да бидат засадени во некоја есенска акција

Оваа пролет многу од жителите на Скопје уживаа во раскошните јапонски цреши на улицата „Максим Горки“ во центарот на градот, кои со својата убавина ги пленеа очите на минувачите.

Фото: Инстаграм

Сепак, моменталниот изглед на црешите не е веќе пријатен. Повеќето од црешите на улиците „Максим Горки“ и „Никола Кљусев“ се исушени.

– За жал десетина од јапонските цреши во центарот се исушени. Причината е најверојатно габично заболување, па заради тоа и ќе треба да бидат исечени. Моментално имаме проблем со отстранување на автомобилите од тој регион, но во најбрз рок кога ќе се отстранат ќе бидат исечени исушените цреши – велат од општина Центар.

Тие исто така дополнија дека нови јапонски цреши, на местото на исушените, очекуваат да бидат засадени во некоја есенска акција, но дека моментално немаат цреши. Нови садници се надеваат дека ќе добијат преку донација или со пари од Град Скопје.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close