Ќе се продава пиштолот на Шон Конери од првиот филм за Џејмс Бонд: Се претпоставува цената да достигне 200.000 долари!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Пиштолот Волтер ПП (Walther PP), кого Шон Конери го користеше во првиот филм за Џејмс Бонд следниот месец ќе биде понуден на аукција во Лос Анџелес. Се претпоставува дека би можел да биде продаден за 200.000 долари.

Profimedia

Конери го користеше тој пиштол во филмот за агентот 007 „Доктор Но“, од 1962 година.

Силуетата на агентот 007 со пиштол во рака е најпозната слика на целиот серијал и една од најпрепознатливите во поп културата општо“, рече Мартин Нолан, извршниот директор на аукциската куќа Julien’s Auctions.

Profimedia

Во „Доктор Но“, претпоставените му наредија на Бонд да ја замени италијанската Берета со германскиот Волтер.

И во следните 25 филмови, разните верзии на Волтер ќе бидат омилениот избор на Џејмс Бонд.

Освен овој пиштол, на аукцијата ќе бидат понудени уште 499 филмски реквизити, меѓу кои и кацигата што ја носеше Том Круз во „Топ ган“ и кожната јакна на Арнолд Шварценегер од „Терминатор 2“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот