ЌЕ СЕ ПРЕКИНУВА „НАЦИСТИЧКИОТ ТУРИЗАМ“: Полицијата ќе се всели во родната куќа на Хитлер

По долги години судски процеси, донесена е одлука за иднината на родната куќа на Адолф Хитлер во Браунау, Австрија, во неа ќе се всели полицијата.

За новиот изглед на зградата, која ја презеде австриската држава во август, ќе се распише конкурс за архитекти од цела Европа.

Во куќата ќе бидат сместени општинската полициска команда и полициската станица Браунау.

Одлуката е образложена со ставот дека на тој начин таканаречениот „нацистички туризам“ од цела Европа конечно може да се прекине.

Имено, нацистите од сите делови на Стариот Континент доаѓале во Браунау за да ја видат родната куќа на Хитлер, а Австрија смета дека кога полицијата ќе се пресели во куќата, неонацистите ќе ја избегнуваат.

Повеќе години државата водеше правен спор со сопственичката на куќата за во 2016 година, парламентот да одлучи да ја национализира зградата.

„Со тоа што полицијата во иднина ќе ја користи куќата, ние ќе испратиме недвосмислен сигнал дека на зградата ѝ се одзема од симболика на сеќавање на нацизмот“, рече министерот за внатрешни работи Волфганг Пешорн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот