Ќе се повлече или не? Кралицата конечно се огласи за пензионирањето

profimedia
профимедиа

Британските дневни весници објавија дека кралицата ќе се повлече кога ќе наполни 95 години за монархијата да му ја препушти на синот Чарлс.

Минатата недела во јавност се проширија гласини дека кралицата Елизабета Втора оди во пензија и дека управувањето со монархијата ќе го преземе нејзиниот син Чарлс.

Британските весници објавија дека кралицата ќе се повлече кога ќе наполни 95 години за монархијата да му ја препушти на синот Чарлс.

Според претпоставките, Чарлс ќе добие титула регент, односно вршител на владетелските должности, а неговата мајка и понатаму ќе биде врховен владетел.

Но, кралицата, која обично не одговара на гласините, овој пат направи исклучок и за „USA Today“ потврди дека не размислува за заминување во пензија.

„Не постојат планови за промена на договорот кога кралицата ќе има 95 години или кога и да е“, рекло кралското семејство за дневниот весник.

Појасниле дека кралицата има бројни овластувања и привилегии и дека нејзиното пензионирање би резултирало со многу политички компликации, поради што Елизабета Втора останува на тронот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот