Ќе се осмели ли некој да го урне рекордот на Лазаров? (ФОТО+ВИДЕО)

фото:твитер

Нашиот десен бек реализираше 61 погодок пред осум години, а воедно е и рекордер во историјата на светските шампионати.

Македонската најдобра репрезентација против Украина во Виена го започнува настапот на Европското првенство со почеток од 20.30 часот.

Повторно погледите ќе бидат насочени кон најискусниот Кирил Лазаров од кој се очекуваат најмногу голови, иако не настапи на последните контролни средби.

Се поставува прашањето дали ќе се осмели некој да го брка неговиот рекорд, а на ова ЕП тоа е можно да се случи, со оглед на тоа што за првпат учествуваат 24 репрезентации, иако тој податок и не мора да значи многу. Потајно посакуваме и после завршувањето на шампионатот, Лазаров да остане најдобар стрелец, а зошто да не се обиде и да го подобри својот учинок.

фото: википедија

Селекторот Данило Брестовац е свесен дека очекува свој придонес да дадат и помладите кои треба во иднина да бидат носители на играта.

Нашиот 39-годишен десен бек кој ги брани боите на францускиот клуб Нант се наоѓа на првото место на вечната листа со најмногу голови на едно Европско првенство.

На континенталниот собир во 2012 година Лазаров постигна 61 погодок, а воедно со 92 голови е рекордер во историјата на светските шампионати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот