Ќе се објавува оглас за избор на заменик ревизор
Речиси две години по објавувањето на огласот за избор на државен ревизор во постапка што сè уште не е успешно завршена, ќе се објавува оглас за избор на заменик ревизор, пренесе телевизија „Телма“.
Ваква предлог одлука потпишаа координаторите на најголемите владеачки партии СДСМ и ДУИ, Јован Митрески и Ејуп Алими, откако пред еден месец му заврши мандатот на заменикот, Насер Адеми
Одлуката ќе се најде пред пратениците на првата наредна седница, а по нејзиното изгласување и објавување, почнува одбројувањето на 15-те дена за пријавување на економисти и правници без партиска припадност со најмалку седумгодишно искуство и солидно познавање англиски јазик.
Под исти услови, во декември 2017-та беше огласена позицијата државен ревизор.
Државниот завод за ревизија е речиси две години е без главен ревизор, а мандатот на вршителот на должноста истече на 5 октомври годинава.