Ќе се намали цената за приклучок за електрична енергија

Цената за приклучок за електрична енергија за домаќинствата ќе се намали за најмалку 20 проценти, а ќе има намалување и на цената за приклучок за останатите потрошувачи. Тоа значи дека ако досега домаќинствата плаќаа околу 500 евра за приклучок, отсега ќе плаќаат околу 400 евра.

„Ова се должи пред се на зголемувањето на ефикасноста на работа на „Електродистрибуција” и на намалувањето на нивните трошоци за набавка на опрема која би се користела за изградба на овие приклучоци. Сето ова не става во добра ситуација, трошоците за приклучок на домаќинствата да се намалат најмалку 20 проценти, а исто така ќе има соодветно намалување и на трошоците за приклучување на останатите видови потрошувачи“, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски пред јавната расправа за мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија на „Електродистрибуција” Скопје.

Исто така ќе се намали и рокот за издавање согласност и роковите за изградба на приклучоците.

Со мрежните правила за дистрибуција, операторот на дистрибутивниот систем ќе биде обрзан да формира дата на податоци за квалитетот на испорака на електрична енергија, а тоа, според Бислимовски, е важно бидејќи ќе може да се мери квалитетот на испорачана електрична енергија и врз основа на тоа да се прави дополнителен притисок врз операторот на дистрибутивниот систем да го подобрува квалитетот на испорачана електрична енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот