Познатата српска пејачка Лепа Лукиќ (80) е позната како многу духовита личност и пејачка која убедливо ги кажува најдобрите вицови.
Поради тоа не е чудно што сите од неа бараат да каже некој виц кога гостува по емисиите, а тоа се случи и кога таа гостуваше во една српска телевизија.
Додека го чекала својот ред за во студио, таа се забавувала со водителот и со вработените.
– Сега јас да ве прашам… Која е најлошата поза во сексот? Дали знаете – ги прашала Лепа луѓето кои седеле со неа.
– Не – рекол водителот, кој ја снимал со телефонот.
– Кога лежиш доле, а горе нема никој! Тоа е најцрно – рекла Лепа и со солзи ги насмеала сите присутни.
Погледнете го видеото: