Ќе се избира најдобра фотографија која го прикажува квалитетот на воздухот

Фото: Unsplash

Со цел да се подигне свесноста за квалитетот на воздухот во нашата земја, „Еко-свест” и Амбасадата на Кралството на Шведска од денеска до 15 октомври ќе изберат најдобра фотографија на тема „50 нијанси воздух”.

-На фотографијата треба да биде прикажано Вашето доживување на квалитетот на воздухот кој го дишете, негативните страни на загадениот воздух, но и позитивен пример за тоа како Вие го решавате проблемот со аерозагадување и влијаете за негово намалување, се вели во повикот.

Сите заинтересирани можат да испратат фотографија која најдобро ја прикажува состојбата со квалитетот на воздухот во нашето опкружување кои прикажуваат позитивни и негативни примери во околината.

– Урбаните средини стануваат сé понаселени, а со тоа и позагадени, со негативно влијание врз човековото здравје. Затоа, сите мора да покажат посветеност ваквата состојба да се промени, а градовите да се трансформираат во зелени, енергетски ефикасни, безбедни и здрави места за живот, на овие, и на следните генерации, велат од  „Еко-свест”.

Сите фотографии кои ги исполнуваат критериумите, ќе бидат дел од патувачката фото-изложба која ќе може да се види во јавниот превоз во Скопје, а првонаградениот ќе добие прочистувач за воздух Blue Air. За второто место е обезбеден термос, планинарско ранче, фитнес маичка, а третонаградениот ќе добие планинарско ранче, маичка, торба за пазарење, ѕвонче за велосипед.

Во натпреварот можат да учествуваат полнолетни лица кои ги исполнуваат условите за учество во наградниот натпревар.

Сите детали и критериуми можат да се прочитаат на веб страницата на Еко-свест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот