Ќе се гради и фабрика: Србија од 15 октомври почнува со производство на вакцините на „Синофарм“

Фото: EPA-EFE/Janos Vajda HUNGARY OUT

Направивме голем договор вечерва, заедно со ОАЕ и Кина, ќе градиме нова фабрика во Србија за вакцините на „Синофарм“ што ќе ги произведуваме од 15 октомври, најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

– Во наредните денови, во рок од две недели, ќе го сториме тоа и јавно и за потпишување. Тоа ќе биде целосно гринфилд, нова фабрика за вакцини, за вакцините на „Синофарм“, кои ќе ги градиме заедно со Емиратите и Кинезите во Србија, а со производство на вакцината ќе започнеме веќе на 15 октомври, објасни Вучиќ во изјавата за РТС.

Тој посочи дека, покрај ходограмот направен со надлежниот руски министер, за производство на руската вакцина „Спутник V“ во рамки на Институтот Торлак, договорено е фабриката за вакцината на „Синофарм“ да се заврши и да започне со производство на 15 октомври.

– Оттогаш ќе имаме големи количини вакцини за нас, но и за целиот регион, бидејќи она што го научив вечерва е дека ќе мора, барем по буквална цена на чинење, да ја даваме вакцината на регионот, затоа што сè тоа што ние нашите луѓе ги лечиме или дејствуваме превентивно нема да вреди ако има проблем во регионот, објасни Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот