Ќе се дезинфицираат јавни површини во Кисела Вода

Општина Кисела Вода најавува активности за спречување на ширењето на вирусот Ковид 19.

-Во петок, тим од обучени работници на Општината, во населбата и селото Драчево, ќе вршат дезинфекција на улиците и тротоарите, на урбаната опрема во парковите, на автобуските постојки, детските и спортските игралишта, велат од Кисела Вода.

Од таму додаваат дека во периодот што следува, во сите месни и урбани заедници, ќе продолжат акции за дезинфекција на јавните површини.

-Работниците активностите ќе ги вршат со новите општински возила, со канистри за миење на улиците, се вели во соопштението од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот