Ќе се дава во три дози: Кина ја одобри и петтата вакцина за итна употреба против коронавирус

Фото: EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Кина денеска ја одобри и петтата вакцина за итна употреба против коронавирусот. Одобрението е соопштено од Институтот за микробиологија при Кинеската академија на науки.

Вакцината е во последна фаза на клинички испитувања, но засега се недостапни податоците за нејзината безбедност и ефикасност, пренесува агенцијата „Бета“.

Последната од палетата кинески вакцини ќе се дава во три дози, секоја на период од еден месец, и ќе може да се чува во фрижидер на нормална температура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот