Ќе почекаме уште малку – Одложена премиерата на „Wonder Woman 1984“

Продолжението на филмскиот хит од 2017 година…

Студиото „Warner Bros“ го одложи објавувањето на претстојниот филм за суперхерои „Wonder Woman 1984“.

Филмот требаше да ја има својата премиера на 2. октомври, но поради глобалната пандемија на коронавирусот, премиерата е одложена за 25-ти декември.

Станува збор за продолжение на кино хитот од 2017. година, кој ширум светот оставари заработка од 822 милиони долари.

Во улога на воинката Дијана повторно ќе се најде Гал Гадот, а своите улоги ќе ги репризираат и Крис Пајн и Роберт Рајт.

Засилување во екипата се Педро Паскал и Кристен Виг.

Додека ја очекуваме премиерата, погледнете го трејлерот…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот