Ќе остане или ќе се повлече од Авганистан?: Одлуката на НАТО на министерски состанок во февруари

Јенс Столтенберг / Фото: EPA-EFE/SEAN GALLUP / POOL

На наредната средба на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО што е закажана за февруари во 2021 година, ќе биде донесена одлука за продолжување на мисијата за обука во Авганистан, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

– Ќе се соочиме со тежок избор. Или да се остане и да се плати цената на воениот ангажман, или да се замине и да се ризикува да се загуби сè што постигнавме и мировниот процес да пропадне, кажа поранешниот норвешки премиер, пренесоа британските медиуми.

САД минатата недела соопштија за ново намалување на својот персонал од Авганистан, од 4.500 на 2.500 лица.

– И покрај ова соопштение, мисијата на НАТО ќе продолжи, кажа Столтенберг, давајќи континуирана поддршка за „авганистанските безбедносни сили”.

Генералниот секретар на НАТО постојано предупредува на предвремено повлекување на армијата од оваа азиска земја, тврдејќи дека со тоа таа повторно ќе стане база за терористички напади врз западните земји.

САД се присутни во Авганистан од инвазијата во 2001 година, по нападите врз Њујорк и врз Пентагон, а НАТО својата мисија ја почна од 2003 година и во 2014 година ја предаде на авганистанските сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот