Ќе ослабнете ли побргу со пилатес или со аеробик? Постојат разлики во ефикасноста на овие вежби за дефинирање на телото

profimedia

Дебелината е еден од главните здравствени проблеми и предизвици на денешното општество, таа глобално е прифатена како важен променлив здравствен ризик фактор од хронични болести, како во развиените земји, така и во земјите во развој.

Но, како побргу би ослабнале?  Две најчесто применувани фитнес програми за девојки/жени се аеробикот и пилатес методите за вежбање.

Истражувањето направено на оваа тема ги покажало следниве резултати.

Во студијата биле вклучени 40 жени, на возраст од 38 до 45 години. Тие биле поделени во две еднакви групи од 20 учеснички, од кои во првата група се практикувале аеробни вежби три пати неделно, во траење од 60 минути, додека другата група на испитаници практикувала пилатес вежби двапати неделно во траење од 60 минути. Програмата била спроведена четири последователни месеци.

Ќе издвоиме само еден параметар кој ни е на сите познат, тоа е индексот БМИ, и тој ќе ни даде индикација за успехот на овие два програма на вежби за намалување на телесната тежина.

Резултатите кои се добиени од истражувањето биле очекувани, било потврдено дека аеробикот има поголемо влијание врз намалувањето на телесната тежина од фитнес програмата пилатес.

Треба да се земе  во предвид и тоа дека пилатесот бил спроведуван два пати неделно, додека аеробикот се практикувал три пати неделно. Резултатите се следни :

Аеробик

1 Првото мерење на БМИ 26,7;

2 Второто мерење БМИ 20,6

Пилатес

1 Првото мерење на БМИ 26,3;

2 Второто мерење БМИ 22,7

– Постојат очигледни разлики во ефикасноста на двете програми, ние се насочивме само на намалувањето на телесната тежина кое покажа дека аеробикот  е во предност, но исто така мора да  констатираме дека со методот на пилатес вежбите е поефикасно зајакнувањето и обликувањето на мускулите, стомачните мускули и мускулите на долниот дел на грбот, се наведува во истражувањето.

Сепак, најважно е да  почнете да вежбате, било која програма да ја одберете – ќе имате одредени резултати, изборот е голем и само ваш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот