Ќе оди ли премиерот Оливер Спасовски во самоизолација?

По објавата на директорката на УЈП, Сања Лукаревска дека е позитивна на ковид-19, во самоизолација би требало да одат и премиерот Оливер Спасовски и заменичката министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

Тие заедно со Лукаревска вчера беа во посета на Куманово, од каде испратија порака дека на 5. јули граѓаните, согласно сите мерки за заштита, ќе го искористат своето право на глас и ќе обезбедат целосно функционални и легитинмни институции.

Лукаревска заедно со Спасовски и кандидатите за пратеници од втората изборната единица имаа работен состанок и прес-конференција во Куманово. Потоа Лукаревска, Спасовски и останатите кандидати за пратеници делеа заштитни маски на граѓаните низ градот.

Oд кабинетот на Спасовски велат дека ги чекаат насоките и препораките на епидемиолозите.

„Штом ги добиеме, ќе постапиме веднаш и во целост согласно протоколите, со избегнување и најмал ризик. Штом ги добиеме препораките од епидемиолозите, веднаш ќе ја известиме јавноста“, велат од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот