ЌЕ МОЖЕ ЛИ ДА ИСПОРАЧУВА 130.000 БАРЕЛИ ДНЕВНО? Експлозија во најголемата сириска нафтена рафинерија – Слободен печат
ВестиПланета

ЌЕ МОЖЕ ЛИ ДА ИСПОРАЧУВА 130.000 БАРЕЛИ ДНЕВНО? Експлозија во најголемата сириска нафтена рафинерија

Засега не е познато колку е општетена рафинеријата и дали тоа ќе влијае врз нејзиниот капацитет за испорачување над 130.000 барели нафта дневно.

Сирискиот министер за енергетика, Али Ганем, објави дека вчера се случила голема експлозија во нафтената рафинерија Баниас во близина на медитеранскиот брег. Во несреќата загинал еден работник, додека еден човек е повреден, пренесе „advance.hr“.

Баниас е најголемата нафтена рафинеија во Сирија. Ганем наведува дека до експлозијата дошло за време на одредени поправки, што значи дека станува збор за индустриска несреќа, а не за некоја врста на напад. Телевизијата Икбарија пренесе дека до експлозијата дошло за време на заварување на еден резервоар.

Засега не е познато колку е општетена рафинеријата и дали тоа ќе влијае врз нејзиниот капацитет за испорачување над 130.000 барели нафта дневно.

Рафинеријата Баниас, заедно со рафинеријата Хомс, покрива значителен дел од сириските потреби за бензин и други производи од нафта. За време на граѓанската војна Сирија увезуваше нафта од Русија и Иран, но американските и сакнциите на ЕУ прилично го отежнаа тој процес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close