
Барселона го понудила Филипе Кутињо на две екипи од Премиер лигата на позајмица, а англиските медиуми откриваат дека една од нив е Арсенал.
Шокантно звучи, но ниту после доведувањето на Дани Себалос и Никола Пепе, „топчиите“ не завршија со ангажирање на летни засилувања кои би имале придонес во нападот.
#FCB 🔵🔴 | El Arsenal aprovechará el Gamper para negociar por Coutinho https://t.co/yWx2nyuwRJ pic.twitter.com/7r6q7BlTvj
— Michel Arturo Ugueto (@michelreportv) August 4, 2019
За денеска се очекува да се сретнат челниците на Арсенал и Барселона за евентуален трансфер на Кутињо. Клучен човек во тие разговори би бил поранешнниот спортски директор на Барса, Раул Саниел, а од февруари 2018 година раководител во фудбалскиот сектор на Арсенал.
И натаму има силни контакти и добри односи на стадионот Камп Ноу и ќе се обиде во финишот од преодниот рок уште еднаш да ги израдува навивачите на Арсенал.
Neymar transfer news: Barcelona preparing to open talks with PSG over transfer of Brazil star | https://t.co/IrIsncHqHr https://t.co/kWqdSCTWXb
— Eric The Red (@millerman14) August 4, 2019
Од друга страна, пак, во Каталонија чекаат да видат дали ПСЖ ќе го пуштат Нејмар, па Кутињо евентуално би се преселил во Париз. Тоа е уште една опција за Бразилецот.
Во Арсенал немаат многу време за губење, а најскапото засилување во клупската историја и еден од најплатените играчи во тимот на Валдерде во овој момент дури и размислува за Арсенал, бидејќи за него нема место во составот на каталонскиот гигант. А како што веќе рековме сè ќе зависи од расплетот за Нејмар…
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.