ЌЕ ИМА УШТЕ ОБВИНЕНИЈА: Специјалното обвинителство во Хаг сослушало 1.000 лица

Profimedia.com, Corbis

Специјалното обвинителство за злочините на ОВК во Хаг до сега има сослушано 100 осомничени и повеќе од 800 сведоци, а првите обвиненија може да бидат поднесени во следните недели, пишува приштинскиот весник Лајм.

Портпаролот на ова обвинителство Кристофер Бенет за весникот изјавил дека обвинителството спроведува истражни мерки и не може да дава било каква изјава околу датумот кога ќе биде поднесено обвинение.

Меѓутоа, претседателот на Организацијата на воени ветерани на ОВК, Хисни Гуцато изјавил дека „првите обвиненија може да бидат поднесени овој месец, бидејќи при крај биле истражните работи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот