Ќе има многу изненадувања на УС Опен

twitter.com/livetennis

Поранешниот прв тениски рекет, Енди Мареј, смета дека на претстојниот грен слем турнир во Њујорк кој треба да започне за еден месец ќе има многу изненадувачки резултати.

Според Мареј, кој во 2012 година триумфира во грен слемот во Њујорк, недостатокот на тренинг но и на натпревари сериозно ќе се одрази на резултатите на најдобрите тенисери и тенисерки и поради тоа очекува изненадувања.

– На тренинзите не може да ги „пресликате“ дуелите кои се играат за трофеи. Не е исто, поинаку е за телото, за умот. Притисокот е поинаков и колку и да се обидувате тренинзите да ви бидат напорни и интензивни, не можете да ја повторите таа атмосфера – смета Мареј.

Во долгата четиримесечна пауза предизвикана од пандемијата, Британецот наоѓа една позитивна работа, ова ќе биде одличн амоќност за тенисерите кои долго не играле да се вратат.

– Некои играчи имаа долги паузи и ќе имаат поголеми шанси за триумф поради искуството. Ќе има многу изненадувања. Да се оди на УС Опен со само еден или два натпревари на Мастерсот Синсинати не е добар предзнак и затоа мислам дека на УС Опен ќе имаме интересни резултати
– додава Мареј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот