Ќе им гасат микрофони – вечерва последна дебата Трамп-Бајден

Доналд Трамп и Џо Бајден / Прва претседателска дебата / Охајо, САД / 29 септември 2020 / Фото: PA-EFE/JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп ноќта од среда кон четврток по американско време последен пат пред изборите ќе се соочи на дебата со својот противкандидат Џо Бајден, а настанот на Универзитетот Белмонт во Нешвил би можел да помине во атмосфера на голема напнатост.

Нивната прва дебата се одржа кон крајот на септември и беше многу хаотична.

Трамп често му упаѓаше во збор, а Бајден (77) го нарече 45. претседател на САД за „лажливец“, „расист“ и „кловн“, додека претседателот му одговори дека во него нема воопшто интелигенција.

Нема индикации дека овој пат тонот на дебатата, што се одржува во петок вечер по средноевропско време, може да биде пољубезен или конструктивен. Двајцата кандидати ќе бидат одделени со плексиглас поради заштита од ковид-19, што не беше случај на првата дебата.

Со цел да се избегне какофонијата од првата дискусија, микрофоните ќе бидат исклучени на кандидатот кој нема да има збор во одреден момент.

„Сметам дека е неправедно“, рече Трамп во Белата куќа во средата, повторувајќи ги критиките кон модераторот Кристен Велкер, дописник од Белата куќа за Ен-Би-Си, која ја обвинува дека е „тврда демократска левичарка“.

Дебатата треба да трае 90 минути, а темите ќе бидат борбата против ковид-19, американското семејство, расното прашање во САД, климатските промени, националната безбедност и управувањето.

Доналд Трамп ја отфрли виртуелната дебата на 15 октомври, формат што беше предложен за да се избегне можна инфекција откако претседателот беше заразен со вирусот корона.

Верно на неговата стратегија за „сеприсутност“, Трамп учествуваше на митинг во Северна Каролина во средата вечер, уште една федерална држава клучна за конечниот победник на изборите, на кои анкетите сега предвидуваат нерешен резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот