Ќе и позавидат многу повозрасни колешки! Нашата Лина Пејовска одржа час по пеење во Тирана (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Пред неколку недели во Тирана се одржа најреномираниот албански фестивал „Кенга Маџик“, а покрај Тамара Тодевска, маестрален настап имаше и нашата млада пејачка Лина Пејовска.

Таа настапи со песната „Нека те боли“, на која како текстописец се потпишува актерската легенда Игор Џамбазов, додека пак музиката и аранжманот се дело на еден од најдобрите продуценти на Балканот, Дарко Димитров.

Лина доби пофалби за одличната изведба, а за „Слободен печат“ го изјави следното:

– Си поминав феноменално, особено за мене беше голема чест да настапувам на таков фестивал бидејќи на него настапиле едни од најпознатите музички имиња на Балканот. После мојот настап добив многу комплименти за моето пеење од доста истакнати изведувачи од овој регион – ни кажа Лина.

Погледнете го нејзиниот настап:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот