Ќе „грмат“ навивачите на Вардар во Келн (ВИДЕО)

Фото: РК ВАРДАР

Потсетување дека „црвено-црните“ предводени од тренерот Парондо во полуфиналето ќе ги одмерат силите против екипата на Барселона.

Повеќе од 400 навивачи ќе има Вардар на трибините во Келн за време на Ф4 турнирот во ЕХФ Лигата на шампионите на 1 и 2 јуни. Сите билети што клубот ги доби за своите навивачи е веќе распродаден. Фановите на нашиот првак ќе бидат сместени во секторот 218.

Натпреварите од полуфиналето на Ф4 се играат на 1 јуни. Во терминот од 15:15 часот ќе играат Веспрем и Келце, а од 18 часот играат Вардар и Барселона. Победниците од средбите во недела на 2 јуни ќе играат во финалето од 18 часот.

– ЕХФ го најави полуфиналниот натпревар меѓу Вардар и Барселона –

За оние навивачи што ќе патуваат во Келн потсетување што е дозволено за внесување во салата како навивачки реквизити:

Дозволено
* труби (без гас или електрични труби)
* мали знамиња на дршка со должина 1,5 м

Со ограничување
* тапани
* знамиња со големи дршки (за заштита од пожар класификација Б1 – отпорни на оган)

Лицата што носат знамиња и тапани ќе добијат акредитации од организаторот за знаменосачи и тапанари. Знамињата и тапаните мора да бидат потврдени од клубовите однапред и мора да бидат пренесени до организаторот од страна на клубовите. Соодветните акредитации можат да се подигнат на настанот во канцеларијата за акредитација
(се наоѓа на платото на LANXESS арената)

Забрането
* Знамиња со должина на дршка од 1,5 м
* Мегафони
* Гасни фанфари
* Електрични труби
* Вувузели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот