ЌЕ ГО УТЕШАТ ЛИ ПАРИТЕ ОД ОТШЕТАТА? Лечел аутизам, но му пораснале гради од лекот кој го пиел

Фото: Профимедиа

Американецот Николас Мари (26), со години пиел лекови против психоза и не бил предупреден за нивните непосакувани ефекти од нив. Тој сега доби отштета од неверојатни осум милијарди долари поради тоа што му пораснале гради, откако со години го пиел лекот, без да биде предупреден за нуспојавите.

Поротата во Филаделфија немаше „милост“ за компанијата „Џонсон и Џонсон“, која вработува преку 130.000 работници ширум светот и чија годишна заработка е преку 80 милијарди долари.

Во првата реакција на пресудата, од компанијата порачуваат дека станува збор за „група и неразмерна“ казна. Против фирмата „Џонсон и Џонсон“ во моментов се водат и други судски постапки, во врска со пудра за бебиња и за импланти во чие производство е користен азбест, случаи поради кој им се закануваат нови големи казни.

Николас Мари на судењето тврдел дека градите му пораснале откако во 2003 година почнал да го пие лекот „рисперидон“, кој лекарот му го препишал поради пореметувања поврзани со аутизам. Американската администрација за храна и лекови овој лек го има одобрено за употреба во 1993 година.

– Постапката на компанијата „Џонсон и Џонсон“ да не ги предупреди користиците за непосакуваните ефекти на лекот е намерна и малициозна. Поротоата доби јасен случај, бидејќи се докажа дека „Џонсон и Џонсон“ не ги испочитувале сигурносните стандарди. Тоа е важна пресуда, не само за парницата, туку и за компанијата која го загуби својот вистински пат – стои во образложението за пресудата.

Адвокатите на оштетениот наведуваат дека лекот „рисперидон“ се користи и за лечење на шизофренија, биполарно пореметување и низа на други болести.

Николас Мари во 2015 година доби отштета од 1,75 милиони долари поради невнимание и изложување на ризик, но овој износ по поднесена жалба е намален на 680.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот