Ќе го победиме Ливерпул со 3:1, а јас ќе ги дадам трите гола

twitter.com/gidioniblog

Австрискиот шампион Салзбург против Ливерпул го игра одлучувачкиот натпревар за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. Салзбург кој прв пат игра во елитното натпреварување доколку вечерва победи ќе направи вистинска сензација и ќе го елиминира европскиот шампион уште во групната фаза.


Како ќе заврши натпреварот против Ливерпул? го прашаа Ерлинг Халанд, младиот напаѓач кој постигна дури осум голови во петте натпревари во ЛШ.
– Ќе победиме со 3:1 – одговори Халанд.
И ти Ќе ги постигнеш сите три гола? се надоврза новинарот.
– Да – возврати 19-годишниот Норвежанец.

Првиот натпревар одигран на „Енфлид“ заврши со триумф на Ливерпул од 4:3 и евентуална победа на Салзбург ќе значи пласман на австрискиот тим во осминафиналето, а елиминација на европскиот шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот