13 C
Скопје

Ќе ги молиме ли летово соседите да ни ги гаснат пожарите?

Во шумскиот пожар кој се случи во Галичник за време на велигденските празници не беа вклучени авионите за гаснење пожар бидејќи Северна Македонија во моментов нема ниту еден исправен авион за таа намена, информираат надлежните. Ова е втора година по ред како трите специјализирани летала за гаснење на пожари, наречени ер-трактори, набавени во 2010 година се приземјени.

Авионите беа несервисирани и во 2020 година и годинава, постапката е во тек, лани само еден оператор се има пријавено на тендерот, но неговата понуда значително ги надминува средствата кои се предвидени за сервисирање на леталата и тоа за цели 40 проценти. Никој не може да склучи договор за таква сума, вели Беким Максути, директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Годинава пристигнаа две понуди и се надеваме дека ќе успееме да ја реализираме оваа јавна набавка, додава Максути.

Сепак, директорот на Дирекцијата не можеше да потврди колку државата до летово ќе биде подготвена самата да се справува со пожари на непристапни терени со гаснење од воздух или и летово ќе остане без противпожарни авиони. Поднесовме информација до Влада и очекуваме таа да биде разгледана на денешната седница, но има и жалба на тендерот, вели директорот. Се обративме и до Бирото за јавни набавки за да побараме да ни се одобри опција за директно преговарање за да го фатиме временскиот рок, со оглед дека сервисирањето на секој авион трае околу месец ипол, а веќе е мај. Се надеваме дека ќе успееме да ја разрешиме ситуацијава, но никој не може надвор од процедурата да ја реши, вели директорот на ДЗС, кој вели дека на оваа функција е дојден од ноември лани и дека ова е „затекната состојба“.

Тоа би значело дека, доколку се случи поголем пожар во некое тешко достапно планинско подрачје наредниве месеци, државата ќе мора да побара помош од соседите. „Да, ние и изминативе години баравме и добивавме помош од воздух не само од соседните туку и од пооддалечени земји каква што е Израел, тоа не е невообичаена пракса, како и да бараме помош од ЕУ“, вели Максути.

Тендерот за сервисирање и поправка на авионите за гаснење на пожари, кои ги поседува Дирекцијата е објавен уште во октомври минатата година, а постапката е дополнета во април годинава. Додека не заврши целата административна постапка или додека Владата не одлучи поинаку, ер-тракторите и натаму ќе останат во хангарите.

Поврзани вести

ВИДЕО | Се слушна ѕвоното во Детската клиника: Малата Ана ја доби борбата со болестите

Слободен печат

Утре се одбележува Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот

Слободен печат

Бегал од полиција, па со 140 км на час удрил во лежечки полицаец

Слободен печат

Двајца станари со деменција побегнале од старечкиот дом во Тенеси благодарение на воената обука, персоналот казнет

Слободен печат

Деспотовски: Заврши времето на евтина работна сила, немаме луѓе за извоз

Слободен печат

Успорената демографија нема да ја сопре Кина

Гидеон Рахман/Financial Times

Остави Коментар