Ќе бидат отстранети 240 рекламни објекти од јавните површини во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје на денешната прес-конфенреција истакна дека постигнале договор со компаниите што се занимаваат со закуп на рекламен простор, во делот на билборди и ситилајти, доброволно да отстранат вкупно 240 рекламни објекти од јавните површини во Скопје и покрај тоа што во минатото имаат склучено договор со градот за што платиле извесен надомест.

– Се работи за 120 билборди и 120 ситилајти кои биле легално поставени во најголем дел на тротоари, пешачки површини, велосипедски патеки и други јавни површини и на тој начин го ограничувале движењето на пешаците и велосипедистите со што ја намалувале и безбедноста на целокупниот сообраќај. Со тоа првата зона од централното градско подрачје целосно ја ослободуваме од поставените рекламни објекти, а го намалуваме нивниот број и во останатите зони, наведе Шилегов.

Прочитајте и...  Песков: Русија не е вмешена во немирите во САД

Градоначалникот на Град Скопје образложи дека на првата наредна седница на Советот ќе донесат одлука за ослободување на компаниите за закуп на рекламен простор од надоместокот што му го плаќаат на Град Скопје за период од три месеци, но и намалување на 20 отсто од месечната закупнина во понатамошниот период.

– Скопје за жал важеше за град со најгусто поставени рекламни објекти на јавни површини, од кои добар дел се наоѓале на локации каде што не е нормално да бидат (на велопатека или тротоар, на пример). На општо задоволство ваквите слики веќе нема да бидат дел од имиџот на нашиот град, нагласи скопскиот градоначалнник.

Шилегов посочи дека, покрај легално поставените рекламни објекти, на повеќе локации во градот забележани се и нелегално поставени рекламни објекти што во претстојниот период, исто така, ќе бидатотстранети во соодветна процедура за постапување со нив.

Прочитајте и...  Харадинај очекува косовското Собрание утре да ја изгласа новата влада

Погледнете го обраќањето на скопскиот градоначалник Петре Шилегов:

Прочитај повеќе

ФБИ ќе и помата на локалната полиција во Вашингтон за време на протестите

Слободен печат

Во првиот ден над 300 пријави за запишување првачиња во Тетово

Слободен печат

„Претседателе немојте да се криете“: Америка гори, Кина трие раце и порачува „Уживајте во глетката“

Слободен печат

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија го доживува вториот пик

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Слободен печат

Овој човек е ноќна мора за „Твитер“ и „Фејсбук“: Трамп потпиша нов налог кој се заканува на доминацијата на технолошките гиганти

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Пленковиќ ги откри носителите на листи на ХДЗ на престојните избори

Во Србија се ближи крајот на епидемијата, паѓа бројот на новозаболени

Слободен печат

Шведскиот производител на камиони планира да скрати илјадници работни места

Слободен печат

Во Шпанија во последните 24 часа нема ниту еден починат од коронавирусот

Слободен печат

Белата куќа ја прозва Антифа и апелираше да се почитува редот и законот во земјата

МИА Агенција

Демократски сојуз: Само со железна дисциплина можеме да се заштитиме себеси и останатите

Слободен печат