ЌЕ Ѝ СЛУЖАТ на татковината: Доброволно пријавени 108 граѓани кои ќе отслужуваат воен рок

Во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман”, во Велес, денеска се одржа свечена заклетва на која 108 граѓани се обврзаа да и служат на татковината. На свеченоста присуствуваа, началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, заменик министерот за одбрана Беким Максути, државнииот секретар Драган Николиќ, претставници од Армијата и Министерството, претставници од локалната самоуправа, родители, роднини и пријатели на војниците.

На свеченоста се обрати заменик министерот Максути кој на војниците меѓу кои има и 10 жени, им ја честита свечено дадената заклетва и им порача дека самиот чин на доброволното пријавување за служба во Армијата е чин кој заслужува почит и поддршка од секого. Притоа истакна дека за време на отслужувањето на тримесечниот период Министерството и Армијата ќе овозможат војниците да ја засакаат уште повеќе воената професија и да ја продолжат својата кариера во редовите на Армијата.

Прочитајте и...  Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денеска?

-Нашата Армија е препознатлива по својата разноликост и токму затоа во неа има претставници од различна етничка и верска припадност. Особено ме радува фактот што од година во година бројот на жени во Армијата се зголемува со што се покажува дека оваа професија не препознава пол- истакна Максути.

Тој додаде дека со реализација на оваа обука им се отвара можност да станат дел од професионалните војници на нашата Армија и таму да ја градат својата кариера полна со предизвици, достигнувања на личен и професионален план, кариера со голем број можности за обука тренинг и наобразба.

-Вие сте нашите идни бранители, нашите идни чувари на територијалниот суверенитет и интегритет, на нашата сувереност и наши идни амбасадори на мирот во меѓународните операции – рече Максути

Прочитајте и...  Најмалку седум цивили загинаа во експлозија на бомба во авганистанската провинција Кундуз

Обуката на војниците на доброволно служење воен рок се реализира во период од три месеци во Центарот за индивидуална обука, кој е во рамките на Командата за обука и доктрини на Армијата на Северна Република Македонија.

Прочитај повеќе

Штипските епидемиолози почнаа со тестирањето на работниците од петте конфекции

МИА Агенција

Двајца загинати во протестите во Чикаго

Слободен печат

Хилари Клинтон со критики до Трамп: Тоа што го прави е застрашувачка употреба на моќ за која нема место во САД

Слободен печат

Нумовски: Неможност за аплицирање за велосипеди и тротинети по електронски пат, за неколку дена ќе заврши повикот (ВИДЕО)

Слободен печат

Се урна железнички мост во Русија (ВИДЕО)

Слободен печат

По квалитет на мрежи државава рангирана на второ место во Европа

МИА Агенција

1 comment

НЕВЕН ГНЕВЕН 09/11/2019 - 07:58 at 07:58

Зашто ни е регуларна војска? Тие биле „идни чувари на територијалниот суверенитет и интегритет“. Па нели НАТО ќе не брани, а небото Грчки авиони? Немате појма што правите, се изгубивте.

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Паунов: За максимално да го искористиме сонцето, треба домаќинствата и компаниите да поврзат соларна централа на своите кровови (ВИДЕО)

Слободен печат

Андоновиќ: Расните немири во САД прераснуваат во социјален бунт (ВИДЕО)

Слободен печат

Гренел официјално поднесе оставка на позицијата во Стејт департмент

Слободен печат

Поради не носење лична заштита казнети се 585 граѓани

МИА Агенција

Најмалку седум цивили загинаа во експлозија на бомба во авганистанската провинција Кундуз

Слободен печат

Богојевски: Ако Мицкоски бега од 5 јули тогаш не треба да се чека на него, злоупотреба на МВР со крајна цел одложување на избори (ВИДЕО)

Слободен печат