КД фондови станаа Генерали Инвестментс

Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови се ребрендира во Генерали Инвестментс.

„Сите предности од услугите што ги нудат остануваат непроменети, додека во исто време се отвораат врати за пристап до сите глобални извори и пазари понудени од меѓународната групацијата Generali која што според Форбс е најдобрата осигурителна компанија на светот“, се вели во соопштението.

Ребрендирањето беше одбележано со прослава во хотелот DoubleTree by Hilton која се одржа вчера на која присуствуваа голем број на претставници од финансискиот сектор.

Главниот извршен директор Лазе Камчев порача: Со интеграцијата на знаењето од центрите на Генерали Инвестментс во регионот, ќе бидеме во состојба на нашите клиенти да им ги понудиме најдобрите финансиски производи и услуги. Стануваме финансиски супермаркет за сите комбинирани производи врзани со инвестициските фондови.

На прославата присуствуваше и италијанскиот амбасадор Н.Е. Карло Ромео кој им се обрати на гостите, запознавајќи ги со почетоците на Generali во Италија и нејзиниот развој низ историјата во Европа и светот.

Generali е една од најголемите компании за осигурување и за управување со средства. Основана е во 1831 година, а денес е присутна во 50 земји во светот, со вкупна премија повеќе од 66 милијарди евра во 2018 година, со скоро 71.000 вработени кои опслужуваат 61 милион клиенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот