„КЦ 750: Турни ме да кинисам” вечер во МКЦ

Во Младинскиот културен центар вечер ќе се одржи настанот „КЦ 750: турни ме да кинисам”, на кој  ќе биде претставен проектот КЦ 750 на Иван Шопов и Владимир Лукаш – приказна за едно фиќо што кога ќе порасне сака да стане културен центар.
Како што наведуваат организаторите, целта на проектот, поддржан од Министерството за култура е развивање и поттикнување нови модели на искористување на јавниот простор, за културни намени.
-КЦ 750 преку мобилниот концепт ќе се обиде на неконвенционален начин не само да го надополни недостигот на независни културни простори и точки во Скопје, туку и да понуди децентрализирачки концепт на ширење на културата, велат авторите на проектот.
Културниот центар „ќе го турнат да киниса” повеќе автори од земјава и гости од странство кои ќе  читаат поезија и кратка проза во рамки на тн „Астални проекции”: Ана Голејшка Џикова, Ѓоко Здравески, Владимир Лукаш, Милена Илиќ, Николина Андова Шопова, Васко Марковски, Ива Дамјановски, Ѓорѓи Крстевски и Иван Шопов.
Ѕвездан Георгиевски, поранешен сопственик на Застава 750, во рубриката „Слушај паталец” ќе зборува за фиќото како културен феномен, како и за мини-книгата „Осум наративни прошетки со фиќо или што научив за пишувањето од Застава 750″ од Иван Шопов. Книгичката ќе се продава по цена од 100 денари, а собраните средства ќе бидат употребени за одржување на фиќото-културен центар, кое е познато како табиетлија меѓу автомобилите.
Настанот ќе го заокружи вокално-инструменталната банда „Фиќести трубадури”, во состав: Ана Голејшка Џикова, Васко Марковски, Дејан Шкартов, Душан Кировски и Владимир Лукаш.
Прочитајте и...  Заев: Потребни се избори за да го дочекаме новиот бран на коронавирусот целосно подготвени (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

Поднесена кривична пријава против разрешениот реис Сулејман Реџепи

Слободен печат

Мрачна прогноза на СЗО: Коронавирусот стигнува повторно на есен

Слободен печат

Димитров ја поздрави лидерската улога на Франција за заживување на европската агенда

Слободен печат

САД распишаа награда од три милиони долари за апсење на пропагандистот на ИД

МИА Агенција

Голема потрага по нацистичко богатство: Во Полска скриено злато вредно 1,25 милијарди фунти

Слободен печат

Осуденикот Нинџа ја шокираше јавноста- ослабе до непрепознатливост (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Полицијата го приведе на испрашување премиерот на Федерацијата БиХ

Слободен печат

Во Велика Британија нови 377 смртни случаи од ковид-19 за 24 часа

Слободен печат

И Бил Клинтон го посетувал „Островот на оргиите“: Поранешен соработник на Епстајн тврди дека познати личности доаѓале

Слободен печат

Судир на мигранти во БиХ, двајца убиени, повеќе повредени

Слободен печат

Муцунски: За одредување датум за избори потребен е целосен консензус

Слободен печат

ЕП истражување: Жителите на пет земји најмногу пријавиле финансиски проблеми за време на пандемијата

МИА Агенција