КЦ 750: Повик за собирање фиќо-приказни

Мобилниот културен центар „КЦ 750“ упати повик за собирање приказни до сите фиќољупци и фиќомани, поранешни, сегашни сопственици на фиќо, како и оние што со фиќото се врзани со некаков спомен. Приказните, анегдотите и сеќавањата, во кои главен протагонист е незаборавната „застава 750“, во форма на текст може да се испраќаат на е-адресата: [email protected], a потоа ќе бидат објавени на фејсбук-страницата на „КЦ 750“.

– Во деновите на изолација и вонредна состојба, кога „КЦ 750“ не може да дејствува на терен како мобилен културен центар, помогнете му да стане виртуелен музеј/архив на приказни – повикуваат од центарот.

Како заеднички проект на Иван Шопов и Владимир Лукаш, „КЦ 750“ е мал, мобилен културен центар. Целта на проектот е развивање и поттикнување нови модели на искористување на јавниот простор за културни намени. Преку мобилниот концепт „КЦ 750“ се обидува на неконвенционален начин да го надополни недостигот на независни културни простори и точки во Скопје.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 28, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 25-26 април 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот