Казни затвор за професорите обвинети во „Еразмус“

Професорот од Економскиот факултет Бобек Шуклев денеска е осуден на две години казна затвор за кривично дело примање поткуп во случајот „Еразмус“.

Обвинетиот Драги Јанев е прогласен за примање поткуп и за примање награда и е осуден на единствена 2,5 години затвор. Обвинетиот Славе Ристовски обвинет за примање поткуп е осуден на 2,5 години затвор, додека Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинение за злоупотреба на службена положба и овластување. Судот на осудените им одреди мерка и забрана мерка на вршење на дејноста во период од 10 години.

– Професорите ги прекршиле, не само кривичноправните норми, туку и морални и етички норми кои ги налага кодексот во образовниот процес. Овој суд утврди дека Бобек Шуклев преземал дејствија кои му се ставаат на товар, побарал 1000 евра за да напише две оцени, со цел студентот да ги положи испитите. Тоа е утврдено од материјалните докази и ПИ-мерките. Тој побарал од студентот да има сексуални услуги, заедно да престојуваат во ресторани надвор од државата, се со цел да му пише оценка. Тоа е утврдено од видео-материјалот, како и сведоштвото на осудениот Дејан Трајковиќ – рече судијата Владимир Туфекџиќ.

Предметот „Еразмус“ беше отворен во јуни 2016 година. Професорите беа обвинети дека барале и примале поткуп од 500 до 1.000 евра за да им пишат преодна оценка за положен испит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот