Казни за тројца од Ресен за непочитување на полицискиот час

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Обвинителството на судот му предложи на сите обвинети да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби, секоја од нив во вредност од по 20 евра.

Основното јавно обвинителство Ресен поднесе против три лица од Ресен предлози за издавање казнени налози за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Обвинетите на 25 минатиот месец година, во Ресен, за време на пандемија прогласена од страна на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест КОВИД – 19 не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување односно Одлуката за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинетите, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, биле затекнати од полициски службеници од ОВР Ресен, како се движат пеш и со возила по ул.„29-ти Ноември”, без притоа да поседуваат дозволи за движење.

– За стореното, обвинителството на судот му предложи на сите обвинети да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби, секоја од нив во вредност од по 20 евра во денарска противвредност, стои во соопштението.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот