Казни за три лица од Радовиш за непочитување на полицискиот час и мерката самоизолација

Основното јавно обвинителство Радовиш денеска поднесе предлози за издавање казнен налог против три лица обвинети дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија” од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, двајца од обвинетите спротивно на Одлуката на Владата на РСМ за забрана и посебен режим на движење со која се забранува движење на населението од 21 до 5 часот, со патничко возило „Цитроен” се движеле по булеварот „Александар Македонски” каде биле запрени од полициски службеници од Полициската станица Радовиш. Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по10 евра во денарска противвредност.

Прочитајте и...  Со температура и симптоми на ковид-19, рентген техничар одел на работа, се чекаат тестовите за уште тројца вработени

Третиот обвинет, откако на 18-ти овој месец допатувал со товарно возило од Грција – земја со среден ризик со зараза согласно Листата на Светската здравствена организација, на граничниот премин „Богородица” бил запознаен со мерката за задолжителна самоизолација. На 20 март ја прекршил мерката за самоизолација и при извршена проверка од полициски службеници не бил затекнат во неговиот дом. Обвинителството за овој обвинет предложи да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност, се вели во соопштението од ЈО

Прочитај повеќе

Замениче, ви се брза на кафе во Приштина?

Следете ја во живо доцна ноќва првата претседателска дебата меѓу Трамп и Бајден

Слободен печат

Песков: Русија е подготвена со ЕУ да го разјасни „случајот Навални”

Маријана Митровска

Макрон жестоко се бори парламентот да не заседава само во Брисел

Слободен печат

Хрватска регистрираше 135 новозаразени со ковид-19

Слободен печат

Бес во Индија по смртта на тинејџерка која беше групно силувана

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Нови санкции од Канада и Британија против Лукашенко

Слободен печат

Мицкоски слави роденден, соработниците го изненадија со торта (ФОТО)

Маријана Митровска

Србија 65 новозаболени од Ковид-19, еден починат

Слободен печат

Среде криза заминува медицински персонал- Главната сестра на Инфективна и две други си дадоа откази

Маријана Митровска

Рускиот историчар Дмитријев осуден на 13 години затвор поради сексуално злоставување на дете

Слободен печат

Нови рестрикции во Германија, на приватни собири до 25 лица

Маријана Митровска