Казни за сообраќајна недисциплина во главниот град: За брзо возење – 42, без дозвола – 36, за зборување на мобилен – 24

Фото: МВР

На територијата на град Скопје вчера се изречени 230 казни, меѓу кои за возење без возачка дозвола 36, за технички неисправни и нерегистрирани возила – 17 и за користење мобилен телефон – 24.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), 42 санкции вчера се изречени и за непочитување на брзината на движење, седум за минување на црвено светло, 33 за непрописно паркирани возила и 11 санкции за неносење заштитна маска.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот