Kазни за лицата во Њујорк кои нема да носат заштитни маски

Во Њујорк првпат по повеќе месеци забележан е раст од три отсто на новозаболени со Ковид-19, а градоначалникот Бил де Бласио најави дека ќе се казнуваат лицата кои не носат маски.

Покрај Њујорк и во 28 американски сојузни држави регистриран е зголемен број на заразени луѓе со новиот коронавирус во изминатите две недели, но и раст на хоспитализирани пациенти во неколку сојузни држави.

– Полицајците во Њујорк првенствено ќе понудат бесплатни маски на тие кои ќе ги затекнат без маски во јавност. Ако лицето одбие, ќе добиде казна, истакна Бласио.

Предвидени се казни до илјада долари.

Слични одредби претходно беа воведени во градскиот превоз на Њујорк, според кои патниците кои одбиваат да носат маски треба да платат казна од 50 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот