Казни за двајцата несовесни полицајци

Од МВР велат дека на едната слика не станува збор за полицаец, но против него е поднесена прекршочна казна.

Министерството за внатрешни работи денеска извести дека во врска со двете фотографии кои вчера се појавија на социјалните мрежи на кои лица облечени во полициска униформа со навредлива содржина кон граѓаните кои заради вонредната состојба ги почитуваат препораките на Владата и се наоѓаат во изолација, а со тоа се штитат себе си и другите од ширењето на вирусот Ковид 19, ве известуваме дека Министерството за внатрешни работи најостро го осудува ваквиот недоличен и недопустлив начин на однесување особено на полициски службеници и согласно процедурите веднаш изврши проверки дали станува збор за вработени во полицијата, велат од МВР.

„При извршените проверки беше утврдено дека двете лица на една од фотографиите заеднички фотографирани во возило станува збор за овластени полициски службеници, истите веднаш се повикани на разговор во Внатрешна контрола на МВР, при што против нив најитно поведе дисциплинска постапка за чија содржина и исход ќе ја известиме јавноста по утврдување на сите факти.

Во врска со другата фотографија каде едно лице е фотографирано само, МВР утврди дека не станува збор за полициски службеник туку за граѓанин А.А. (27) од Прилеп, кој веднаш по утврдување на идентитетот е повикан во ОВР Прилеп на разговор и по утврдените факти и разговорот со него, МВР против него ќе поднесе прекршочна пријава по член 23 од Законот за прекршоци против ЈРМ во висина од 600 до 800 евра глоба, заради лажно преставување на социјалните мрежи како полициски службеник.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните и до полициските службеници да бидат крајно внимателни со содржините на објавите на социјалните мрежи и воедно потенцираме дека најстрого ќе бидат казнувани сите лица кои со ваквото недолично и непрофесионално однесување го нарушуваат угледот на полицијата“ велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот