Казни за четворица скопјани кои без дозвола се шетале за време на полициски час

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Основното  јавно обвинителство Скопје денеска поднесе три предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно четири лица, осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Скопје.

-Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија се движеле на различни локации без да поседуваат дозвола за тоа, соопштија од Обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за секого од обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби со висина на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност​.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот